Овој рецепт е совршена роденденска торта, која може да се искористи и за други значајни моменти кои сакате да ги одбележите со чоколадни задоволства.
За тортата ви е потребно

Состојки:

За 1 кора (а потребни се 3 вакви кори)
3 јајца
5 лажици шеќер
3 лажици млеко
3 лажици масло
3 лажици брашно
2 лажици оризово брашно
1/2 пак. прашок за пециво
2 лажици какао
1 рендана кора од портокал

За натопување на корите
1 шоља млеко
3 лажици слатко какао

За фил
1/2 литар слатка павлака
300 гр црно чоколадо
300 гр млечно чоколадо
+200-250мл слатка павлака

Јајцата и шеќерот убаво изматете ги, се додека не се добие убава кремаста маса.Матејќи, лажица по лажица, додадете ги маслото и млекото.Потоа додадете ги исто така и останатите состојки.
Испечете 3 вакви теста.. Користете тава бр.24. Тортата е солидно висока, па ако сакате поголема, можете да печете и во бр.26.

Половина литар слатка павлака оставете да дојде до степен на вриење, па потоа додадете ги чоколадата искршени на коцки. Исклучете ја ринглата и мешајте се додека не се хомогенизира смесата.
Тргнете од оган и оставете да олади.
Изматете ја и другата слатка павлака.
1/3 од чоколадната смеса тргнете настрана-таа ќе биде за премачкување на корите, а другата измиксирајте ја во изматената слатка павлака.

Секоја кора прво се натопува со млекото, па се премачкува со 1/3 од чоколадната смеса, па врз неа се премачкува со 1/3 од филот.
Најгорната кора се прелива со останатиот дел од чоколадната смеса, а со филот се премачкуваат страните.