Во Македонија постои долга традиција на производство на кондитроски производи од чоколада. Среќни сме што може да кажеме дека сме дел од создавањето на таа традиција.
Нашето претпријатие постои од 1995 година. Разбирајќи го значењето на домашните претпријатија за развојот на националната економија, сакавме да бидеме дел од луѓето кои ќе придонесуваат за подобра иднина на нашето општество и искрено веруваме во силата на претпримаштвото.
Нашиот тим се води по премисата дека промената тргнува од себеси. Затоа и не беше тешко да ја најдеме идејата за нашиот бизнис, бидејќи една од нашите страсти се кондитроските производи, кои ги гледаме како заслужена награда и „мало“ задоволство кое треба да биде нераздвоен дел од трубулентното секојдневие на секоја личност.
Денес ДАДО е проактивен учесник на пазарот, кој ги следи трендовите во однос на потребите, барањата и желбите на потрошувачите, со цел да ја создаде најдобрата понуда на продажен асортиман кој ќе изобилува со квалитетни производи и голем избор на вкусови и пакувања.Примарно сме ориентирани кон кон иновации и современи стандарди на производство, како и континуирана комуникација со клиентите, бидејќи еден од водечките принципи на работење ни е и транспарентниот однос кон потрошувачите.
Тимот на ДАДО, во процесот на создавање на вредноста за потрошувачите, континуирано тестираше повеќе различни комбинации на состојките и вкусовите, пред да го создаде уникатниот микс на состојки кои го одразуваат вистинскиот вкус на какаото, наместо негово поедноставно маскирање со повеќе шеќер или други вкусови. Резултатот е палета на производи кои преку едноставниот процес на дегустација забележително се разликуваат по својот избалансиран вкус и комплексност, за разлика од многу други понудени на пазарот.
Ние сме едни од првите претпријатија кои во своите производи вклучуваа природни суровини како лешникот, кикиритките и други јаткасти плодови, наместо едноставно збогатување на вкусот со вештачки ароми.
Нашите потрошувачи ни се најважни. Постојаните пофалби, како и забелешки ни даваат мотив да го унапредуваме нашето производство. Постојано остваруваме раст што покажува дека стабилно сме позиционирани на пазарот. Избрани сме за соработници на голем број на фирми и трговски марки од нашата индустрија, што претставува дополнителен доказ за нашата посветеност кон тоа да создадеме една успешна приказна.

Визија: Да бидеме првиот избор за слатки задоволства на нашите потрошувачи.
Мисија:Да создаваме среќа во сечие секојдневие преку понуда на вкусни и квалитетни кондиторски производи, произведени со современа технологија и инвестирање во истражување и развој, од искусен тим на вработени, преку следење и анализа на трендовите на пазарот, потребите и желбите на потрошувачите на основ на континуирана комуникација, транспарентност во работењето и почит и грижа за потршувачите и заедницата во која работиме.
Цели:
Корпоративните цели на ДАДО се поставени во повеќе области од интерес:
Потрошувачи: истражување на пазарот заради навремено осознавање на потребите и барањата на потрошувачите, понуда на широка палета на вкусови и континуитет во високиот квалитет, грижа за здравјето на потрошувачите, континуирано подобрување на услугата.
Вработени: градење на корпоративна култура подредена на остварување на поставената визија и цели, инвестирање во обуки и развој, градење на внатрешни односи на почитување.
Раст: ориентираност кон инвестирање.
Општествена одговорност: придонес во локалната заедница, развој на помошни иднустрии.

Нашите мајстори го користат своето искуство за да го направат највкусниот ролован вафел во Југоисточна Европа.Прекрасниот спој на крцкавиот вафел исполнет со вкусен крем не го остава никого рамнодушен.
Лешникот, какаото и млекото кои имаат големо процентуално учество во ролерите, бидејќи се природни состојки, го прави нашиот производ префинет до совршенство. Уште од самиот почеток нашата цел беше и остана да испорачаме најквалитетен ролован вафел кои ќе ја задоволи побарувачката на кондиторските пазари ширум светот.
Произведуваме по најсовремена технологија. Измените кои ги направија произведотелите на машини за ролери, го направија производството на овој производ многу поефикасно и попродуктивно. Тимот на ДАДО одлучи да биде во тек со современата технологија и истата ја воведе во сопственото производство.
Една од најважните измени е во фазата помеѓу комплетно произведеното стапче и негово пакување во амбалажата. Во таа фаза ролерот поминува низ ладилник кои овозможува целосно одземање на температурата пред ролерот да биде спакуван во пластичната амбалажа, што е од особена важност за здравјето на нашите потрошувачи.
Во тек е производство и на нов производ, Вафел Штрудла, кој го подготвуваме со особена посветеност на желбите, вкусовите и очекувањата на нашите верни купувачи.
Ова дополнување на нашиот производствен програм го правиме на барање на нашите увозници, кои побарувачката за овој вид на кондиторски производ сакаат да ја задоволат преку соработка со искусно претпријатие кое нуди потврден квалитет.